Просветните работници во Охрид како резултат на нивната посветеност може и мора да добиваат повеќе тековна соодветна поддршка и признание што би било вистинска мотивација и поттик за нивното работење. Угледот на просветните работници не смее и нема да се врзува со деградација на нивниот личен труд и интегритет, рече на денешната прес конференција кадидатката за советничка од СДСМ и Коалцијата, Ивана Маховска Шикалеска.

Токму затоа, програмата на нашиот кандидат за градоначалник Асен Шајн носи реални решенија и визија за современо и инклузивно образование. Во првите три месеци од мандатот, со специјално формиран тим ќе се направи детална проценка на состојбата во училиштата, а потоа ќе следуваат конкретни мерки, како на пример:

  • 24-часовно физичко обезбедување во училиштата.
  • Бесплатен оброк за учениците од ранливи категории.
  • Ваучери за секое ново прваче за купување прибор во охридските книжарници.
  • Сензорни соби, рампи и пристапни влезови за учениците со посебни потреби.
  • Општински клуб за поддршка на талентирани ученици.
  • Мали гимнастички сали, ново осветлување, топлотни пумпи и реновирани фасади, рече Маховска Шикалеска.

Советниците од СДСМ, додаде, ќе се залагаат за афирмација на наставничката професија, за јавно признавање и вреднување на трудот на секој учител.

Но, неминовно е овде да ги споменам и сите вработени во училиштата, од педагошко – психолошка, до административна служба и технички персонал. Нашата цел е општината да биде вистински партнер на училиштата. Во Охрид, во нашот дом, нашите деца заслужуваат чисти и безбедни училишни средини и мотивирани и афимирани наставници, потенцираше.

Воедно упати благодарност до сите наставници, воспитувачи и просветни работници, нејзини колеги, за, како што рече, нивната посветеност, трпение и љубов кон децата.

Н.С.Ј.