Вчера околу 15 часот Р.А. пријавил дека истиот ден околу 14,30 часот на ул.“Перо Наков“ неговата сопруга З.Р.(36) и нивниот шестгодишен син биле нападнати од страна на куче скитник и притоа детето било каснато во пределот на левата рака и му биле нанесени видливи повреди, а З.Р. се здобила со повреди на левата нога.
фото илустрација: You tube
Од страна на лекар од Итната медицинска помош им била укажана лекарска помош, а потоа биле препратени на Инфективна клиника во Клиничкиот Центар Мајка Тереза. Според изјавите на оштетенините и сведоците, станувало збор за куче скитник.
Од страна на Полициската станица Гази Баба била известена шинтерската служба на Град Скопје кои излегле на местото на настанот при што кучето било фатено и однесено во Центарот за заштита на кучиња-скитници “Вардариште“.
Ова е втор ваков инцидент, откако пред два дена во скопската населба Аеродром напуштен миленик од раста „ротфајлер“ искаса 9 лица.
Последните инциденти уште еднаш го отвораат проблемот со бездомните кучиња во земјава и немоќта на институциите да се справат со истиот, на што се обврзани и со закон.
OhridNews
фото илустрација: You tube