Соседката Сју Беми очигледно била налутена од сознанието дека Џулс Стјуарт има волци, па отишла кај неа и започнала да вика на мајката на холивудската ѕвезда. Изнервираната соседка наводно и пришла на мајката на Кристен и и рекла дека нејзините кучиња всушност се волци и дека припаѓаат во планините на Монтана. Во почетната фаза од поднесувањето барање за судска забрана за приоѓање, Џулс навела дека Беми почнала да се вознемирува и дека редовно имитирала завивање и р’жење на животни, проследено со други чудни звуци кои ги разлутиле нејзините животни.
Беми во судските документи тврдела дека мајката на Кристен Стјуарт признала дека нејзините животни навистина се волци. Исто така и Кристен пред три години во емисијата “Late Show with David Letterman” детално раскажувала за волците на нејзината мајка.