Еден од најдобрите, а можеби и најдобар кошаркар во историја во НБА лигата, Мајкл Џордан е прв меѓу спортистите, кој успеал да заработи ни повеќе ни помалку туку милијарда евра.
Причината за влегувањето на Џордан во друштвото на милијардерите е порастот на акциите од Шарлот Хорнетс од 410 на 700 милиони долари чија сопственост е токму поранешниот кошаркар.
Клубот во 2010 година го купи за 275 милиони долари, а за пет години вреди три пати повеќе по заслуга на Џордан.
52-годишниот Џордан и по повлекувањето од кошарката заработува од спортската компанија „Најк“, која го користи неговото име како бренд за кошаркарска опрема.
Мх.П.