Најдобриот кошаркар во НБА лигата, Мајкл Џордан се` уште го чува првото место по заработка од спортистите кои не се повеќе активни во една година.
Некогашниот кошаркар на Чикаго Булс во 2017 година пријавил заработка 90 милиони долари, двојно повеќе од второпласираниот Дејвид Бекам кој има 40 милиони долари заработка.
Продуктите од Најк со името и логото Мајкл Џордан се едни од најпродаваните спортски работи во светот, а токму од таму кошаркарот ја црпи најголемата заработувачка.
Третопласиран на листата е Арнолд Палмер со 37 милиони долари, Џек Никлаус со 30 милиони долари, а ТОП 5 ги заокружува кошаркарот Меџик Џонсон со 22 милиони долари по година. Од шестата позиција до десеттата се наоѓаат Шекил О`нил (22м.), Гери Плејер (19м.), Вејн Грецки (17м.), Грег Норман (16м.) и Пеле (15м.).
OhridNews