Поттикнат од конкуренцита која се повеќе се свртува кон користење на разни видови апликативен софтвер преку интернет, и Мајкрософт крајот на претходната година започна со слична иницијатива. Сега тие сервиси се отворени за користење за сите корисници со одреден надомест.


Деловните корисници можат со плаќање на релативно мал надомест да ја користат инфраструктурата на Мајкрософт за воспоставување на сопствениот систем на електронската пошта. Таа цена би требало да биде значително помала од воспоставување на сопствен систем на електронска пошта. Дополнителна предност на наведениот пристап е поефтино одржување на системот и брза и поедноставна дистрибуција на софтверско надградување.

На тој начин во Мајкрософт се обидуваат да возвратат на конкуренцијата (како Гугл), затоа што таа веќе привлекла дел од корисниците со слична деловна стратегија.