Екипата на Мајнц без македонскиот интернационалец во составот претрпе пораз 4-1 на гостувањето кај Шалке.


Двигател на домашниот состав беше холандскиот голгетер Клас јан Хунтелар, кој постигна хет трик, а четвртиот го реализираше Барнета.


На победи во 13-та рунда се радуваа Баерн Минхен и Леверкузен совладувајќи ги Херта 1-0 односно Келн 5-1.

Резултати : Аугзбург – Хамбургер 3-1, Леверкузен – Келн 5-1, Херта – Баерн Минхен 0-1, Шалке – Мајнц 4-1, Вердер Бремен – Падерборн 4-0, Хофенхајм – Хановер.

Табела : Баерн Минхен 33, Волфзбург 23, Леверкузен 23, Аугзбург 21…

Мх.П.