Мајнц се изедначи на табелата во Бундес лигата со Шалке откако успеа пред своите гледачи да го совлада со 2-1 во првиот меч од 21-та рунда.


Домаќините после половина час поведоа со 1-0 со голот на Гаетан Бушман. Гостите од Гилзенкирхен преку Јунес Беланда на стартот од вториот дел изедначија 1-1, а конечните 2-1 ги постави Жулиан Баумгартлингер.


Со триуфмот „црвено белите“ стигнаа до 33-от во Бундес лигата и со „сините“ го делат четвртото место на табелата.

OhridNews