„Росонерите“ се вратија во топ 3 екипите на табелата во Серија А по минималниот триумф (1-0) над Пескара пред своите гледачи.
Седмата победа во 11-от натпревар во „Калчо лигата“ за Милан ја донесе Џакомо Бонавентура со мајсторски погодок од слободен удар.
Бонавентура го повтори „трик ударот“ од Ривалдо и Роналдињо кои во минатото постигнуваат вакви погодоци.
Резултати: Аталанта – Џенова 3-0, Милан – Пескара 1-0, Емполи – Рома 0-0, Кротоне – Киево 2-0, Лацио – Сасуоло 2-1, Сампдорија – Интер 20:45ч.
Табела: Јувентус 27, Рома 23, Милан 22, Лацио 21, Наполи 20…
OhridNews