Актуелниот првак во Ла Лига, Барселона го освои врвот по триумфот (2-1) над Малага во 21-та рунда од шампионатот.


Творец на победата беше најдобриот светски фудбалер Лионел Меси кој во 52-та минута акробатски ја погоди мрежата на домаќините.


Претходно, Барселона во втората минута стигна до предност со голот на Ел Хадиди, а Малага пред крајот на првиот дел го изедначи резултатот.


Досегашниот лидер на табелата Атлетико Мадрид својот меч од 21-та рунда ќе го одигра в недела против Севиља на домашен терен.

OhridNews