Македонските граѓани се 49-ти во светот според просечниот коефициент на интелигенција, покажува рангирањето објавено на страницата „International IQ test“. Листата е составена врз основа на резултатите од 1.691.740 лица од целиот свет кои направиле еден ист тест за интелигенција во 2023 година.

Во првите 10 земји се наоѓаат: Јужна Кореја (со просечен коефициент на интелигенција од 107,54), Кина (106,99), Иран (106,84), Јапонија (106,18), Сингапур (106,18), Австрија (102,71), Канада (102,6), Германија (102,36), Словенија (102,31) и Монголија со просечен коефициент 102,3.
Од нашето поблиско опкружување, Бугарите имаат просечен коефициент 101,71, Србите – 100,66, Хрватите – 99,73, Босанците – 99,57, Црна Гора има 99,34 просечни поени, Грција е со коефициент 97,51 и Албанија има просек од 97,28 коефициентни поени.











