Македонецот Перо Давидовски (45) е убеден дека Јосип Броз Тито му е татко, а Јованка мајка и веќе две години, од време на време, се обидува да влезе во куќата во која живее вдовицата на Тито во Белград.

„Добар ден. Јас сум Перо, син на Броз. Дојдов да ја видам својата мајка Јованка, сакам да ја прегрнам и донесов и подароци, пуштете ме кај мајка ми“ со овие зборови Перо, кој инаку имал психијатриски проблеми, на 29 јуни се обидел по трет пат да помине покрај припадниците на единиците обезбедување на објектот и да влезе кај вдовицата на Тито.

Обезбедувањето се обидувало да го врати Перо, уверувајќи го дека Јованка нема син. Откако, не ги послушал и пробал насилно да влезе во дворот на куќата, била повикана полицијата, која знаејќи за кого станува збор го сместила во психијатриска болница.
Преку македонската амбасада бил повикан, Перин, вистинскиот татко на Перо кој во четвртокот го однел дома. Со оглед на тоа дека ова му било трет обид на насилно влегување во куќата на Јованка, забранет му е влезот во Србија две години.

Јованка Броз слушнала дека се случува нешто и кога и кажале за што се работи не се изненадила премногу и рекла „Зар повторно, тој не се откажува“.

Несудениот син на Броз во септември 2009 година ја прескокна триметарската ограда на вилата во која живее Јованка Броз, но соседите го забележале и го депортирале на година дена, а во февруари оваа година биле фатен пред вилата, а на полицајците им рекол дека сака да ја запознае својата мајка.

OhridNews
извор: „Макфакс“