33- годишниот М. Младеновски пред шест дена загинал во тешка сообраќајна несреќа на Кајманските острови, јавуваат тамошните медиуми.
Автомобилот во којшто Младеновски бил совозач, излетал од патот, по што заедно со возачот излетале од автомобилот.
Младеновски загинал на лице место, додека возачот се здобил со тешки повреди, но бил уапсен под сомнение за возење со неприлагодена брзина и за возење под дејство на алкохол.
Младеновски работел во хотел на островот Големи Кајмани, кој е дел од британската империја и се наоѓа во Карипското море во близина на Јамајка и Куба.
извор: Makfaks