Машката ракометна репрезентација на Македонија вечерва во Скопје ќе го игра реванш бараж натпреварот против Словачка за пласман на Светското првенство 2027.

Натпреварот ќе се одигра во арената „Борис Трајковски“ со почеток во 19 часот, а избраниците на селекторот Кирил Лазаров имаат значајна предност од првиот меч во Прешов, каде славеа со убедливи 31:24.

Во пресрет на вечерашниот дуел со Словачка, РФМ организира целодневен настан „Едно срце, една држава“, кој има за цел да го доближи ракометот до најмладите и популаризација на спортот број 1 во нашата држава.

Светското првенство во ракомет ќе се одржи во Германија од 13 до 31 јануари 2027 година.

Г.М.