Македонската репрезентација до 18 години забележа победа во вториот пријателски натпревар против Црна Гора, совладувајќи ја со 1:0 на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид.
По поразот од 1:0 во првиот меѓусебен дуел, кој исто така се одигра во Охрид, македонската селекција во вториот натпревар успеа да возврати со идентичен резултат.
Единствениот гол на натпреварот беше постигнат во 60. минута. Васко Попалиски погоди за водство од 1:0, што на крајот се покажа како доволно за победа на Македонија.
Македонија – Црна Гора 1:0 (0:0)
Стадион: „Билјанини извори“, Охрид
Стрелец: 1:0 Васко Попалиски (60′)
Македонија: Даријан Денковски, Алекса Јазагиќ (76′ Павел Рибарски), Тео Стојчевски, Павел Котески, Марко Иванов, Бленди Љаца (46′ Арда Илјазовски), Васко Попалиски, Андреј Цветковски, Марко Мирчевски (46′ Јаков Пресилски), Лука Георгиев (90′ Илјир Ѓони), Алек Трпков (46′ Алек Чедомирски).
Селектор: Влатко Колев.
Црна Гора: Симон Сошиќ (46′ Страхиња Терзиќ), Благоје Узуновски (84′ Андрија Рондовиќ), Стефан Недиќ, Петар Ивановиќ (70′ Лука Марковиќ), Матија Ракчевиќ (70′ Немања Кљајевиќ), Алекса Цаушевиќ (46′ Петар Беговиќ), Марк Ѓокај (70′ Павле Пејовиќ), Петар Радомировиќ (70′ Андреј Круниќ), Матија Кнежевиќ (46′ Аднан Хајдарпашиќ), Данило Кисиќ, Лука Вушуровиќ.
Селектор: Радован Каваја.
OhridNews












