Под влијание на многу топол бран температурите во земјава викендов насекаде ќе бидат на триесеттиот степен целзиусов. Ќе преовладува сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од северен и североисточен правец. Максималната температура во Охрид денеска ќе достигне 33 степени, информира УХМР.
Сончево и многу топло време не очекува и во недела. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура во Охрид ќе се спушти до 16 степени, а максималната ќе достигне до 34 степени. Најтоплоќе биде во скопскиот регион, в долж Повардарието и гевгелиско каде живата во термометрите ќе се искачи до 39 степени.
Г.М.