Ракометната репрезентација на Македонија вечерва го игра клучниот натпревар од квалификациите за пласман на Европското првенство. Противник ни е Литванија, а средбата се игра во 18 часот во во салата „Јане Сандански“ во Скопје.

За пласман на ЕП на Македонија и треба победа со три гола разлика, бидејќи Литванија славешѓе на првиот натпревар со 29:27. Со тоа Македонија би го освоила второто место во групата во која играт уште и Словенија и Естонија. Првите две места водат директно на ЕП каде ќе се пласираат и четирите третопласирани репрезентации од осумте групи.

Г.М.