Македонија е „Земја партнер“ на 56. Меѓународен саем за туризам во Нови Сад. Оваа титула го отвора патот за уште посилна туристичка соработка во регионот, вели министерот за култура и туризам, Зоран Љутков.
Атмосферата во Конгресниот центар „Мастер“ беше навистина инспиративна – претставници од цел Балкан, идеи, нови контакти, планови за заеднички проекти. Токму ваквите настани покажуваат колку туризмот може да биде мост, а не граница, истакна Љутков.
Упати благодарност до генералниот директор Слободан Цветковиќ и до организацискиот тим за нивната отвореност, поддршка и визија што ја движи регионалната туристичка соработка напред.
Од страна на Србија беше испратена силна порака за партнерство и пријателство, а ние како држава покажавме колку имаме да понудиме: традиција, култура, природа, вкус, енергија и гостопримство што се памети. Верувам дека оваа соработка ќе донесе нови можности за целиот регион и дека туристичкиот развој ќе продолжи во насока на поврзување и заемна поддршка, додаде Љутков.

Беа доделени наградите на сите кои со огромен труд придонесуваат за промоција и развој на туризмот во регионот, меѓу нив и еден од најстарите брендови на Македонија – Охридскиот бисер изработен од семејствата Филеви -1928 и Талеви -1924, кои дирекно придонесуваат за развојот на туризмот во Македонија и претставуваат посебен дел од културата и историјата на целиот регион и светското културно наследство, вели Филев.
Инаку, 56. Меѓународен саем за туризам се одржува од денес до 29 ноември, a се претставуваат 250 учесници од 10 држави.
OhridNews














