Македонската ракометна репрезентација без услугите на Филип Миркуловски ќе настапи на Мундијалот на почетокот од следната година кој ќе се одржи во Германија и Данска од 10 до 27 јануари.

Повредите и физичката неподготвеност се причините за одлуката на Миркуловски да го пропушти Светското првенство. Жарот за игра на неуморниот борец ќе недостастува многу во македонската селекција предводена од шпанскиот стрчуњак Раул Гонзалес.

  • Многу ми е жал. Но, тоа е тоа. Влечам многу повреди и не сум подготвен да одиграм на ниво на кое што треба да сум и на кое што сите очекуваат да сум. Им посакувам на момците многу среќа и пласман во Олимписки квалификации. – изјави Миркуловски за г-спорт.мк.

Селекторот Раул Гонзалес во скоро време треба да го соопшти конечниот список на ракометари за СП на кој по подолго време ќе го нема Миркуловски. Македонија во групата се наоѓа со Шпанија, Исланд, Хрватска, Јапонија и Бахреин.

OhridNews