А репрезентацијата на Македонија во името на Дени Мусовски ќе добие опција плус во нападот. Своите квалитети Мусовски ги потврди во градското дерби помеѓу Лос Анџелес Галакс и Лос Анџелес во америчката МЛС лига постигнувајќи маестрален погодок со лоб удар.

Погодокот на Мусовски.

Мусовски прифати да настапува за Македонија, а селекторот Игор Ангеловски не го криеше задоволството. Мусовски може да дебитира уште во ноември, кога на Македонија ја очекува финалето од баражот за пласман на Европското првенство.

OhridNews