Женската ракометна репрезентација на Македонија ќе биде домаќин, а Ракометната федерација на Македонија организиратор на квалификацискиот турнир за Мундијалот 2021 година. РФМ организацијата на турнирот ја презеде од Грција која се откажа од непознати причини.

На Европската ракометна репрезентација и потврдивме дека ја прифаќаме поканата за организација на турнирот. Имаме доста време да се подготвиме за добар и успешен турнир. – рече Генералниот секретар на РФМ, Филип Милошески.

 

Покрај Македонија и Грција на турнирот ќе учествуваат уште Исланд и Литванија. Пласман во следната фаза од квалификациите обезбедуваат првите две селекции на табелата.

OhridNews