Македонската фудбалска репрезентација ги откри имињата на учесниците од нашата земја на претстојното eEURO 2020. Се работи за Ниметула Даути и Јакуп Максути кои ќе ја претставуваат нашата држава. Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) првпат ќе организира натпреварување на националните фудбалски репрезентации во е-фудбал.

Видео играта ја играат десетици милиони луѓе низ целиот континент и ние сме задоволни што им даваме можност на конкурентите од нашите национални здруженија да ја претставуваат својата земја на најголемата сцена. – изјавија од УЕФА, пренесува „Гол.мк“.

Во конкуренција за завршниот турнир ќе бидат 55 репрезентации. Турнирот ќе има квалификациски циклус и завршна фаза, на која ќе бидат познати најдобрите учесници.

Завршниот турнир на еEURO ќе биде одржан во Лондон во јули 2020, само неколку дена пред големото финале на Европското првенство. Победниците ќе добијат влезници за финалето на „Вембли“, како и 40.000 долари парична награда.

OhridNews