Македонската ракометна репрезентација ќе треба да помине само една пречка за учество на Светското првенство во Египет следната година.

После долги шпекулации и одолговлекувања ЕХФ пресече и донесе конечна одлука од која Македонија ќе има голема полза.

Во априлскиот прв бараж ќе има четири дуели, а тие ќе бидат составени од четирите селекции кои играа квалификации, Романија, Литванија, Израел и Турција и четирите последнопласирани селекции на ЕП, Летонија, БиХ, Русија и Полска.

Победниците во априлските баражи ќе се приклучат на останатите селекции кои преку Европското првенство нема да се квалификуваат на СП, а меѓу нив е и Македонија.

OhridNews