
Овие два датуми се длабоко вкоренати во колективната меморија на нашиот народ. Двата Илиндена претставуваат историски темелник на македонската самобитност, непокор и слобода.
Годишнините од Илинден и АСНОМ ќе бидат одбележани со народни собири и свечености во Скопје, Крушево и Пелинце, каде оваа година ќе се одржи централната манифестација. Празникот свечено ќе биде одбележан и во Охрид По тој повод претпладнево во 11.30 часот пред спомен – обележјето на илинденците во градскиот парк ќе биде положено свежо цвеќе, а историски час ќе одржи професор Ристе Николески.
OhridNews












