Во земјава денеска се одржуваат десеттите парламентарни избори, петти предвремени.

За прв пат избориte во земјата се одржуваат во среда, која е прогласена за неработен ден. Гласањето започна во  7 часот, а ќе трае два часа подолго од вообичаено и ќе заврши во 21 часот, бидејќи ќе се одвива согласно донесениот здравствен протокол со мерки на заштита од Ковид 19, како што се задолжително носење заштитна маска и држење дистанца.

Гласањето ќе се одвива на 3390 избирачки места, а право на глас имаат 1.814.263 граѓани. На овие избори учествуваат 15 партии и коалиции.

OhridNews