Владата на денешната седница донесе одлука за одобрување на средства од резервите на Буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година, во висина од 6.000.000 денари за доделување на помош за настраданите од пожарите кои ја зафатија Австралија.
Незапамтените пожари и понатаму беснеат на речиси целата територија од континентот. Против огнената стихија се борат илјадници пожарникари и доброволци, а материјалната штета е огромна.
Во пожарите во Австралија загинаа 25 лица и околу 500 милиони животни, а уништени се околу 2.000 домови.
OhridNews