Составот на Македонија Ѓорче Петров има два позитивни фудбалери на вирусот Ковид -19 во своите редови.

Фудбалерите кои биле позитивни веднаш се тргнати од екипата и преселени во самоизолација, а останатите четворица кои имале близок контакт се во изолација.

Позитивните случаи во тимот на „лавовите“ не се знае како ќе се одрази на претходно објавениот термин од ФФМ за почетокот на Првата лига. Возбудувањата во фудбалската елита стартуваат на 9 август.

OhridNews