Македонската фудбалска репрезентација, утре, на Националната арена „Тодор Проевски“, против селекцијата на Казахстан ќе го одигра последниот подготвителен натпревар пред дебито на Европското првенство во фудбал.

Селекторорот на „црвено жолтите“ Игор Ангеловски најави дека ќе ротира во составот и мечот со Казахстан ќе го искористи како шанса за фудбалерите со помала минутажа.

Ќе го искористиме овој натпревар како подготвителен тренинг. Можеби ќе излеземе во поразличен состав од оној со Словенија. Сакам да им дадам повеќе минутажа на некои што играат помалку. Казахстан има млад и квалитетен состав, тоа го покажаа играјќи 1-1 со Украина, – рече Ангеловски.

Тој додаде дека здравствениот билтен е добар. Ферхан Хасани имал мала пукнатина на носот, Стефан Спировски се вратил на тренинзи, а негативен тест на Ковид -19 се очекува од Енис Барди, кој тренира индивидуално.

Натпреварот ќе се игра утре од 18 часот на Националната арена „Тодор Проески“.

OhridNews