Македонската ракометна репрезентација имаше успешен настап на турнирот „Трофеј Карпати“ закитувајќи се со златен медал. „Црвено жолтите“, во борбата за првата позиција подобри беа од романците со вкупен резултат 24-20.

Избраниците на селекторот Данило Брестовац одиграа фантастично второто полувреме, откако во првиот дел констатно ја бркаа позитивата на противникот. Маестрален на голот беше Никола Митрески кој собра дури 16 одбрани и се закити со наградата најдобар голман, а нападот го предводеше МВП на турнирот Марио Танкоски со осум односно Маркоски со четири и Попоски со три голови.

Првата фаза од подготовките се заврши со три победи (Кувајт, Алжир, Романија) и еден минимален пораз во тензичен дуел со Кувајт. Сега, за Македонија следи мал одмор, а потоа заедно со поискусните играчи ќе се патува на подготовки во Словенија каде ќе следат уште неколку пријателски дуели пред ЕП 2020.

OhridNews