После објавување на ноемвриската рејтинг листа, ФИФА ги објави и барабаните во пресрет на ждрепката за квалификациите за Светското првенство во Катар.

Македонската фудбалска селекција е сместена во четвртиот барабан, заедно со Босна и Херцеговина, Словенија, Албанија, Бугарија, Израел, Белорусија, Грузија и Луксембург.

Пласман на СП во Катар ќе изборат само победниците на десетте групи. Второпласираните репрезентации и двете најдобри селекции од третото издание на Лигата на нации ќе играат две бараж-рунди, по што ќе бидат познати уште три репрезентации кои ќе играат на Мундијалот.

На Мундијалот во Катар ќе се пласираат 13 репрезентации од Европа. Ждрепката за мундијалските квалификации ќе се одржи на 7 декември.

OhridNews