Македонија се наоѓа на 87 место од 140 држави според степенот на мирот и безбедноста во светот. Најмирни и најбезбедни држави се Исланд, Данска и Норвешка, додека најнебезбедна земја во светот е Ирак.
Од земјите во регионот Словенија е на 16 место, Грција на 54, Бугарија е на 57, Хрватска на 60, Босна и Херцеговина на 66, Србија на 85, а Турција е на 115 место.
Податоците биле добиени врз основа на 24 внатрешни и надворешни критериуми, меѓу кои и учеството во мировни мисии на ОН, нивото на криминал и опасноста од терористички напади.












