Според октомврискиот рејтинг на ФИФА, Македонија забележа скок од едно место и моментално се наоѓа на 93-то место.


На врвот останаа непроменети првите четири: Шпанија, Холандија, Германија и Уругвај, додека со скок од 2 места на петтата позиција се придодаде Бразил.

Следниот наш противник во пријателски натпревар е репрезентацијата на Албанија која остана на 71 место. Натпреварот кој е закажан за 15 ноември ќе се одигра во Прилеп.

В.Б.