Македонската кошаркарска репрезентација е најслабо рангирана репрезентација во Д квалификациската група за Олимписките игри во Лондон на ФИБА ранкинг листата.


“Црвено-жолтите“ се позиционирани на 33 место со 25 бода. Најдобро пласирана е селекцијата на Ангола на 15 место со 178 бода, додека Нов Зеланд е 18 рангиран со  147 бода.

Високиот рејтинг на нашите противници се должи на континуираните настапи на големите натпреварувања. На последното Светско првенство во Турција, Нов Зеланд заврши на 12 место, додека Ангола 15 – та.


Македонија предводена од Антиќ, Меккејлеб во последните години играше на две континетални првенства каде имаше забележителни резултати. Во Полска заврши на деветото место, додека се уште во сеќавањето на сите е литванското четврто место.

Квалификациите за Олимписките игри се играат во Каракас, Венецуела од 2 до 8 јули.

М.П.