Селекторот на македонската ракометна репрезентација Ивица Обрван го објави поширокиот список на ракометари кои ќе конкурираат за место во селекцијата за престојното Европско првенство во Полска.
На списокот немаше место за голманот на Вардар, Петар Ангелов „Диви“, а меѓу повиканите се најде чуварот на мрежата на Металург, Даниел Дупјачанец и Златко Даскалоски кој одлично брани во романскиот шампионат.
Ракометната федерација на Македонија дополнително ќе го објави текот на подготовките на македонската селекција за ЕП во Полска.
Списокот :
Голмани : Борко Ристовски, Даниел Дупјачанец, Никола Митревски, Златко Даскаловски
Крила : Дејан Манасков, Гоце Ојлески, Гоце Георгиевски, Бојан Маџовски, Мартин Велковски, Никола Костески
Пикери : Стојанче Стоилов, Жарко Пешевски, Никола Маркоски
Бекови : Филип Лазаров, Аце Јоновски, Филип Миркуловски, Наумче Мојсовски, Горан Кузмановски, Никола Стојчевски, Немања Прибак, Кирил Лазаров, Влатко Митков, Филип Талески, Филип Кузмановски, Милорад Кукоски, Велко Маркоски, Дарко Димитриевски, Стефан Дрогришки
Ohridnews