Во сабота на локалитетот „Кале“ со почеток од 8 часот, ќе се спроведе кампањата „Македонија без отпад“ која има за цел да допринесе за здрава и чиста животна средина и развивање на свеста кај граѓаните за правилно управување со отпадот.

Сите заинтересирани граѓани  можат  да се вклучат во акцијата на два пункта и тоа: пред влезот на Самоиловата тврдина и на паркингот кај Горна Порта. Целиот отпад што ќе биде собран ќе биде подигнат од страна на ЈП„Охридски Комуналец“.

Годинешната акција е поддржана од општина Охрид во соработка со ЈП „Охридски Комуналец“, а организатори се Министерството за животна средина и просторно планирање и асоцијацијата „Ајде Македонија“.

OhridNews