Македонската ракометна селекција ја испушти и последната шанса за победа на Европското првенство во Полска откако претрпе пораз од Белорусија 29-30 (13-14) во третата рунда од главната фаза.


„Црвено жолтите“ одново одиграа „топло ладно“ натпревар како и сите други на Европското, но овој пат недостасуваше желбата за надигрување и победа.

Првото полувреме помина во егал, но белорусите беа тие кои го диктираа резултатот. Нашите репрезентативците од време на време се израмнуваа, но не успеваа да го преземат водството.

Македонија во еден момент од вториот дел губеше шест разлика (20-14), но со добра игра успеа да се врати (27-27) и да влезе пак во неизвесен финиш.


Во одлучувачките напади репрезентативците погрешија, Белорусија со мини серија се одлепи на 30-28 со што го реши победникот.

Четвртото учество на континенталните собири Македонија го заврши со две нерешени средби и четири порази и на 11-та позиција.

Мх.П.