Според премиерот Никола Груевски, македонските граѓани треба да бидат спокојни затоа што Македонија е четврта најмалку задолжена земја во Европа со 26 отсто од БДП.

Тој изјави дека секоја друга информација во однос на задолженоста на земјата се должи на дневна политика  и партиски обиди за добивање дневно-политички поени.

Груевски додаде дека нормално е во светот државите да враќаат одреден долг со ново задолжување, кое е и поевтино задолжување и делумно тековно да го отплаќаат долгот.