Женската ракометна репрезентација претрпе пораз од Шпанија 27-21 и ги загуби минималните шанси за пласман на мундијалот во Србија.

Избраничките на селекторот Гино Стрезовски на шпанските ракометарки им парираа во првите десет минути кога имаа водство. „Фуријата“ потоа уфрли брзина погоре, а репрезентативките неможеа да го издржат тоа темпо кое го наметнаа шпанките и се збогуваа со мундијалот.

Реванш натпреварот кој ќе се одигра за една семица во Шпанија ќе биде чиста формалност и ќе ја промовира “црвената фурија“ како патник на мундијалот во Србија.

Пред стартот од мечот Ракометната федерација на Македонија со плакета им се заблагодари на долго годишниот капитен на селекцијата Тања Андреева и Јулија Николиќ.

Мх.П.