Музејска копија од „Златната маска“, којашто српски археолози ја ископале кај македонското село Требеништа во 30-тите години на минатиот век денеска и врачи српскиот министер за култура, Предраг Марковиќ на министерката за култура на Македонија, Елизабета Канческа – Милевска, пренесува „Макфакс“.
Златната маска од Требеништа се чува во Народниот музеј во Белград, а изминатиот период Управата за заштита на културно наследство на Македонија до српското Министерството за култура упатиле барање за изработка на музејски копии од археолошки предмети кои се чуваат во Народниот музеј во Белград.
„Музејската копија од овој непроценлив артефакт, кој во 30-тите години на минатиот век е откриен на територијата на Република Македонија, ќе се чува и пред јавноста ќе биде изложен во новиот Археолошки музеј, кој се планира оваа или на почетокот на следната година да биде завршен и отворен, рече Канческа-Милевска.
Министерот Марковиќ рече дека музејската копија е подарок на македонскиот народ и на македонската држава, а гест од Србија и од Народниот музеј во Белград.
Канческа – Милевска објасни дека наодите „Златни маски“ во македонската наука се меѓу највредните артефакти откриени во познатата некропола во близина на селото Требениште, Охридско.
Денес две од нив се наоѓаат во Народниот музеј во Белград, а две во Софискиот археолошки музеј. 
OhridNews