Групата пријатели на Македонија во Конгресот на САД, доби нов член, соопштува Обединетата македонска дијаспора. Конгресменот Ден Мафеи од Демократската партија, се приклучува на плејадата пријатели, кои ја подржуваат земјава во нејзините евроатлански интеграции.
„Конгресменот Мафеи е долгогодишен пријател на македонската заедница во Сирикуз. Среќни сме што тој се враќа во Конгресот, а како органазација очекуваме во иднина да ја продлабочиме соработката.“ – велат од ОМД.
Инаку, Мафеи е член на Комисиите за одбрана, односно за наука, технологија и вселената.
OhridNews












