
Петте земји, каде банкарската сметка се намалува кога ќе дојде време за плаќање на основните производи и услуги, се Швајцарија, Норвешка, Венецуела, Исланд и Данска.
Македонија е на осмото место од земјите со најевтини цени за храна, превоз, ресторани и комунални услуги. Во оваа рејтинг листа не се земени предвид цените за домување, облека и образование.
Според овие податоци се покажува разликата во животните трошоци со помош на најголемата база на податоци во светот составена од корисниците од разни градови и земји во светот. Индексот на потрошувачките цени е релативен показател на трошоците на живот во една земја во споредба со Њујорк. На пример, ако во една земја индексот е 70, тоа значи дека во таа земја за 30 отсто се поевтини животните трошоци во споредба со Њујорк.
OhridNews











