Македонската ракометна репрезентација е петта европска сила. Избраниците на Шундовски обезбедија пласман во квалификацискиот турнир за Олимписките Игри во Лондон.


“Црвено-жолтите„ одиграа уште еден трилер меч, во кој ја совладаа Словенија со 28-27. Нашите репрезентативци во поголемиот дел од мечот имаа предност. По првиот дел се замина на одмор со четири голо предност.

Огромен пад во играта имавме на стартот на вториот период, кога “змајчеките“ не само што ја стопија предноста, туку и направија предност плус два 21-19.

Се консолидиравме и по серијата 6-1 се вративме во позитива 25-22. До крајот на мечот словенците успеваа да се доближат но не и да го изедначат резултатот.

Огромна помош во финишот имаа и од судискиот двоец, кој ги толерираше нивните остри стартови во одбраната, што никако не беше случај кога “сините“ беа во напад.

Со играч повеќе “змајчеките“ во последните секудни дојдоа до удар за изедначување на “Воинот на гол“, Борко Ристовски  со својата единаесетта одбрана на мечот ја осигура победата.

Најпрецизен на мечот вообичаено беше Кире Лазаров со осум постигнати гола, Стоилов постигна шест, а мрежата ја
тресеа уште Алушевски (4), Темелков (3), Миркуловски (3) Мојсовски (2), Димовски (1)
Ф,Лазаров (1).