Денеска се навршуваат 111 години од Илинденското востание и 70 години од Првото заседание на АСНОМ што се одржа во манастирот Прохор Пчињски, на кое беа поставени темелите на современата македонска држава.

Овие два датуми се длабоко вкоренати во колективната меморија на нашиот народ. Двата Илиндена претставуваат историски темелник на македонската самобитност, непокор и слобода. 

Годишнините од Илинден и АСНОМ ќе бидат одбележани со народни собири на Мечкин Камен во Крушево и во меморијалниот комплекс во кумановското село Пелинце.

Во Крушево денеска ќе стигнат охридските комити кои и оваа година го изведоа традиционалниот Илинденски марш од Охрид.

OhridNews