Според ресорниот министер, пресметувањето на високи перфоманси(ХПЦ) е главниот двигател на науката и економијата, а инвестијата претставува чекор плус во доближувањето кон европските и светските стандарди.
„Покрај различните економски параметри, степенот на развој на една земја денес се мери и според користењето и бенефитите од пресметувањето со високите перформанси. На макроекономско ниво се потврдува повратот на инвестицијата“ – истакна министерот за информатички науки и администрација, Иво Ивановски.
Компјутерот на „Hewlett Packard“ и „Neocom“, кој содржи 1008 јадра, првично ќе се користи во повеќе области за истражување, како што се пресметковната хемија, физиката, сеизмологијата, метеорологијата, геологијата, биомедицината и сите области каде е потребна голема моќ за процесирање на податоците. Со системот ќе управува Факултетот за информатички науки компјутерско инженерство, а ќе можат да го користат сите кои имаат потреба.
Најчесто, ваквите системи во Европа се користат во автомобилската индустрија, финансиските сервиси и нафтената индустрија, но неретки се случаите каде што овие суперкомпјутери вршат симулации на инфраструктури и временски промени.