Ракометната федерација на Македонија предоводена од ген- сек. Марјан Начевски присуствуваше на ждребот за јунскиот бараж за СП кое од 02 до 14 Декември ќе се одигра во Македонија.

При работната посета во Норвешка челните луѓе во федерацијата како градови домаќини за Јуниорското СП кое се игра во Јули и Август, кое е генералка за ЕП во декември покрај постојните Охрид и Скопје ги понудиле Велес, Битола и Гевгелија.

Охрид како домаќин е “сигурен“ кога станува збор за јуниорското првенство, бидејќи забелешките на челницие на ЕХФ за ова натпреварување се минорни. Но сериозни забелешки стигнале на адреса на Охридската сала во врска со организацијата на Европското првенство во декември.


“Билјанини“ блесна пред стартот на СП,  дали ќе блесне и за ЕП?

 – Висока делегација на ЕХФ на чело со генералниот секретар Михаел Видерер кон крајот на месецот ќе пристигне во Македонија – изјави за ohridnews ген-сек Марјан Начевски. Охридската сала е на тапет и до колку не се извршат  потребните корекции во однос на забелешките кои ги имаа челните луѓе на светската ракометна куќа при одигрувањето на СП за јуниори постои можност првенството да и биде “земено“ на Македонија. Не се сомневаме дека работите ќе се завршат но, она што е загрижувачко е тоа што се се` прави во последен момент – завршува Начевски.
 
На денешниот состанок на УО на РФМ ќе биде одреден точниот датум на пристигнување на инспекцијата на ЕХФ.

Во најлошото можно сценарио ЕХФ би го преселила Европското првенство во Данска, а Македонија за пласман на него би играла бараж со Турција.

Само за потсетување забелешките на челниците на ЕХФ беа на прес центарот кој е претесен и на ѕидовите позади головите кои на тв преносите изгледале лошо.


момент од потпишувањето на договорот во Август

Охридскиот градоначалник, Александар Петрески, при потпишувањето на договорот во Август оптимистички најави дека за потребите на ЕП ќе биде извршена реконструкција на салата во Охрид, како и изградба на нова помошна сала која со тунел ќе биде поврзана со главната сала. Исто така тој најави и изградба на затворен олимписки базан и  луксузен хотел во близина на салата.