Хрватскиот селектор Игор Штимац во четвртокот го објави списокот на играчи кои ќе настапат квалификацискиот натпревар за СП 2014 против македонската репрезентација на 7. септември во Загреб.


Новиот хрватски селектор на клупата на „коцкестите“ неславно дебитираше на 15 август во Сплит, кога неговата репрезентација во пријателски натпревар, беше поразен од Швајцарија 2:4.

„Со Македонија сме играле и претходно во квалификации. Нема да биде нималку лесно, осебно ако пристапот во играта биде како во Сплит“, изјави Штимац.

Според него, најтешок противник во оваа квалификацикса група ќе биде Белгија.

„Најтежок противник ќе ни биде Белгија, без оглед на специфичноста на мечевите со Македонија и Србија. Белгијанците четири години го создаваат тимот, кој е формиран преку успесите на младите генерации кои беа светски прваци“, рече Штимац.

Истовремено Фудбалскиот сојуз на Хрватска информираше дека владее огромен интерес за мечот во Загреб и дека на инсистирање на полицијата, продажбата на билети ќе се одвива по специфична процедура.

Тоа значи дека при купувањето на билет ќе треба да се приложи лична карта, односно извод на книга од родени или здравствена книшка за малолетници.