Јуниорската ракометна репрезентација на Македонија во последната проверка пред почетокот на Светското првенство на 13 август , синоќа во Охрид ја совлада репрезентацијата на Тунис, исто така учесник на СП, со 31:29.

Со оваа средба македонските јуниори ги заокружија подготовките во Охрид во кои уште на два пати беше совладана репрезентацијата на Бугарија, а на три пати беше совладан и актуелниот шампион на Македонија Вардар ПРО, кој играше некомплетен.

Македонија натпреварите на СП што се игра во Охрид и Скопје, ќе ги започне во понеделник проттив Ангола. Во среда играме против фаворитот Шведска, по што следуваат натпреварите со Португалија и Кувајт.

Г. Момироски