Во петокот во Крива Паланка, рабоните групи од министерствата за надворешни работи од земјава и Бугарија, зад затворени врати ги водеа разговорите за договорот за добрососедство.

„Комуникацијата се однесува на сите оние домени за кои сме поднеле иницијатива, односно за оние кои сметаме дека можат да бидат пресретнати од страна на нашиот сосед. Во тој контекст има многу работи што можеме да ги реализираме независно договорот.“ – вели Попоски.
Инаку, двете земји ги започнааа разговорите околу новиот документ за добрососедство, откако бугарските власти го побара тоа преку писмо од бугарскиот шеф на дипломатијата Младенов. Следната средба помеѓу претставници на двете работни групи, ќе се одржи во соседна Бугарија.
OhridNews












