На заедничката церемонија што денеска ќе се одржи во Брисел, Република Македонија ќе ги потпише спогодбите за визно олеснување и реадмисија со Европската унија.

Спогодбата во име на Македонија ќе ја потпише минисерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска.

Со потпишувањето на овие договори ќе се овозможи визно олеснување за повеќе категории граѓани, што се смета за чекор кон целосна либерализација на визниот режим со унијата.

Во иднина полесно во ЕУ ќе патуваат биснисмените, студентите, новинарите, спотристите и други.