Во Македонија на секои 18 часа има по еден нов корисник на дрога или по 500 годишно. Официјално бројот на зависници е меѓу 10.300 и 10.900, а експертите сметаат дека неофицијално тој број е до шест пати поголем, јавува „Дојче Веле“.
Како што пишува овој медиум, во последните неколку години, возраста на која се почнува со конзумирање дроги се намалил на осум или девет години, а со дроги се започнува најчесто од љубопитство, од желбата за докажување во друштвото, а се посега и во моменти на депресија или целосен неуспех во животот.
Од Министерството за внатрешни работи за „Дојче веле“ велат дека бројот на запленета дрога во 2012 година е двојно зголемен за разлика од 2011-та.
„Ако во 2011 година МВР открила над 430 килограми дроги, од кои најголем дел марихуана, хашиш, кокаин, хероин и други дроги, во 2012 тој број е двојно зголемен на 846 килограми наркотични дроги, од кои најголем дел, 784 килограми и 578,6 грама е марихуана, над 55 килограми хероин и во помала грамажа кокаин, хашиш, амфетамин и други дроги.“ – велат од МВР за овој медиум.
Инаку, во 2010-та година охридската полиција пресече најголем број локални патиша на дрога, а според официјалните податоции од пред три години, од вкупно 85 кривични дела поврзани со овозможување на употреба на наркотични дроги, 25 биле регистрирани токму во нашиот град.
OhridNews